Јазични испити
Test AS

TestAS

TestAS е централен стандардизиран академски испит кој ги тестира интелектуалните способности на потенцијалните студенти од земјите кои не се членики на ЕУ, а сакаат да се образуваат на универзитетите во Германија.

Испитот може да се полага на германски и англиски јазик.

Испитот се состои од основен тест, тест од посебна област и јазичен тест. Јазичниот тест се прави online, а основниот тест и тестот од посебна област се работат писмено.

Испитот може да го полагате во Вашиот лиценциран испитен центар ЛингваЛинк.

Пријавувањето го правите лично на веб страната http://www.testas.de на делот за кандидати.
Откако ќе се пријавите, ќе добиете повратна електронска пошта со линк.

На денот на испитот со себе треба да носите важечка легитимација (лична карта или пасош).

За успешно полагање потребно Ви е јазично познавање од најмалку Б1 ниво според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Проверете дали TestAS е едно од барањата за прием на Вашиот факултет.

Термини за 2022:

Ден на испит

Пријавување

  23 февруари 2023 (четврток)

24.11.2022 – 12.01.2023

22 април 2023 (сабота)

13.01.2023 – 10.03.2023

21 октомври 2023 (сабота)

28.07.2023 – 15.09.2023