Јазични испити
telc GmbH

Јазичните испити telc или Европски јазични сертификати (The European Language Certificates) се познати ширум Европа и се признати како јазична потврда од работодавачите, медицинските установи, училиштата, универзитетиѕе,  а се користат и за миграциски цели. 

Jазичните испити telc нудат транспарентно и точно одредување на јазичната компетенција и јазичното ниво без разлика на тоа каде се изучува јазикот. Испитите ги опфаќаат сите јазични вештини и нивоа дадени согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици (the Common European Framework of Reference for Languages – CEFRL) на Советот на Европа и се нудат од најниското А1 ниво за почетници до највисокото Ц2 ниво. Со тоа, овие јазични серфитикати се објективни и стандардизирани, а резултатите валидни и потврдени.

Важно: Во Германија, telcgGmbH е во партнерство со федералната влада во процесот на јазично оценување во крајната фаза на интеграцискиот процес за имигранти. Поединците кои сакаат да аплицираат за германско државјанство можат да приложат сертификат telc како доказ за потребните јазични вештини. Кога станува збор за дозволи за престој, сите земји во кои се зборува германскиот јазик ги признаваат сертификатите telc.

Сите курсеви во ЛингваЛинк се нивелирани според Заедничката европска референтна рамка за јазици и ве подготвуваат за јазичните испити telc .

 

 Датуми

  • 18.11.2023 краен рок за пријавување 31.10.2023

  • 16.12.2023 краен рок за пријавување 28.11.2023

  • 10.02.2024 краен рок за пријавување 24.01.2024

  • 02.03.2024 краен рок за пријавување 14.02.2024

  • 06.04.2024 краен рок за пријавување 20.03.2024

  • 11.05.2024 краен рок за пријавување 25.04.2024

  • 08.06.2024 краен рок за пријавување 23.05.2024

  • 22.06.2024 краен рок за пријавување 06.06.2024

 Цени

  • telc De B1 – 6.200 ден
  • telc De B2 – 6.800 ден
  • telc De C1 – 8.400  ден
  • telc De C2 – 9.200  ден