Јазични испити
telc GmbH

Јазичните испити telc или Европски јазични сертификати (The European Language Certificates) се познати ширум Европа и се признати како јазична потврда од работодавачите, медицинските установи, училиштата, универзитетите,  а се користат и за миграциски цели. 

Jазичните испити telc нудат транспарентно и точно одредување на јазичната компетенција и јазичното ниво без разлика на тоа каде се изучува јазикот. Испитите ги опфаќаат сите јазични вештини и нивоа дадени согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици (the Common European Framework of Reference for Languages – CEFRL) на Советот на Европа и се нудат од најниското А1 ниво за почетници до највисокото Ц2 ниво. Со тоа, овие јазични серфитикати се објективни и стандардизирани, а резултатите валидни и потврдени.

Важно: Во Германија, telcgGmbH е во партнерство со федералната влада во процесот на јазично оценување во крајната фаза на интеграцискиот процес за имигранти. Поединците кои сакаат да аплицираат за германско државјанство можат да приложат сертификат telc како доказ за потребните јазични вештини. Кога станува збор за дозволи за престој, сите земји во кои се зборува германскиот јазик ги признаваат сертификатите telc.

Од јануари 2026 испитите telc се достапни само во дигитална варијанта надвор од Германија и се полагаат на компјутер. 

Сите курсеви во ЛингваЛинк се нивелирани според Заедничката европска референтна рамка за јазици и ве подготвуваат за јазичните испити telc .

 

НАПОМЕНА: Местата за секој датум за испит се ограничени, а принципот на пријавување е прв-дојден-прв-услужен, така што колку порано се пријавите и уплатите пред крајниот датум за пријавување, толку е поголема веројатноста да резервирате слободно место. 

Датуми за полагање за 2025/2026 година А1 – Ц2

A1/A2

17.04.2026  пријавување до 14.03.2026

15.05.2026 пријавување до29.04.2026

12.06.2026 пријавување до 22.05.2026

Б1/Б2 

18.04.2026 пријавување до 01.04.2026

16.05.2026 пријавување до 29.04.2026

13.06.2026 пријавување до 27.05.2026

 Цени

  • telc De A1 – 4,200 ден
  • telc De A2 – 4,200 ден
  • telc De B1 – 6,800 ден
  • telc De B2 – 6,800 ден
  • telc De C1 – 9,200  ден
  • telc De C2 – 9,200  ден