Јазични испити
onSET

onSET-English

onSET-Deutsch

Испитот onSET-English е онлaјн испит за одредување на општото јазично познавање на англискиот јазик како странски јазик брзо, едноставно, точно и објективно. Следствено onSET-Deutsch е онлaјн испит за одредување на општото јазично познавање на германскиот јазик како странски јазик брзо, едноставно, точно и објективно.

Тој е стандардизиран и се состои од осум кратки писмени тестови со дваесет празни места на различни теми и со различен степен на тежина. Резултатот од onSET е објективен и точен и се добива непосредно по завршувањето на испитот. Истиот трае најмногу 50 минути.

Испитот onSET се базира целосно на интернет (пријавување, полагање, добивање сертификат за постигнати резултати).

Единствен лиценциран центар за полагање на onSET во Македонија е ЛингваЛинк.