IELTS (International English Language Testing System)
Подготвителниот курс IELTS опфаќа запознавање со форматот на испитот и усвојување на стратегии за успешно полагање на сите четири дела (читање,слушање,пишување и зборување).
Се препорачува слушателите кои се заинтересирани за посетување на овој курс да поседуваат најмалку средно ниво (Б1) на познавање на англискиот јазик.
За индивидуалната настава времетраењето зависи од резултатите на дијагностичкиот тест според кој се одредува бројот на часови и на која вештина најмногу треба да се посвети внимание.