Јазични испити
telc GmbH

Јазичните испити telc или Европски јазични сертификати (The European Language Certificates) се познати ширум Европа и се признати како јазична потврда од работодавачите, медицинските установи, училиштата, универзитетиѕе,  а се користат и за миграциски цели. 

Jазичните испити telc нудат транспарентно и точно одредување на јазичната компетенција и јазичното ниво без разлика на тоа каде се изучува јазикот. Испитите ги опфаќаат сите јазични вештини и нивоа дадени согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици (the Common European Framework of Reference for Languages – CEFRL) на Советот на Европа и се нудат од најниското А1 ниво за почетници до највисокото Ц2 ниво. Со тоа, овие јазични серфитикати се објективни и стандардизирани, а резултатите валидни и потврдени.

Важно: Во Германија, telcgGmbH е во партнерство со федералната влада во процесот на јазично оценување во крајната фаза на интеграцискиот процес за имигранти. Поединците кои сакаат да аплицираат за германско државјанство можат да приложат сертификат telc како доказ за потребните јазични вештини. Кога станува збор за дозволи за престој, сите земји во кои се зборува германскиот јазик ги признаваат сертификатите telc.

Сите курсеви во ЛингваЛинк се нивелирани според Заедничката европска референтна рамка за јазици и ве подготвуваат за јазичните испити telc .

 

НАПОМЕНА: Местата за секој датум за испит се ограничени, а принципот на пријавување е прв-дојден-прв-услужен, така што колку порано се пријавите и уплатите пред крајниот датум за пријавување, толку е поголема веројатноста да резервирате слободно место. 

Датуми за А1 и А2

  • (telc A1 – A2) 21.12.2024 краен рок за пријавување 04.12.2024

Датуми за Б1. Б2, Ц1 и Ц2

  • (telc B1 – C2) 14.12.2024 краен рок за пријавување 27.11.2024

 

Датуми за полагање за 2025 година А1 – Ц2

  • 01.02. 2025 краен рок за пријавување 15.01.2025
  • 01.03.2025 краен рок за пријавување 12.02.2025
  • 05.04.2025 краен рок за пријавување 19.03.2025
  • 10.05.2025 краен рок за пријавување 23.04.2025
  • 14.06.2025 краен рок за пријавување 28.05.2025
  • 05.07.2025 краен рок за пријавување 18.06.2025

 

 Цени

  • telc De A1 – 4,200 ден
  • telc De A1 – 4,200 ден
  • telc De B1 – 6.800 ден
  • telc De B2 – 6.800 ден
  • telc De C1 – 8.400  ден
  • telc De C2 – 9.200  ден