Други услуги / тестирањa
Потврди за јазик
Потврди за активно и пасивно
Потврдите за активно или пасивно познавање на јазик може да послужат за вработување, запишување на постдипломски студии, учество на семинари и сл. Тестирањето се закажува во ЛингваЛинк и по положениот тест, потврдата се издава на македонски јазик.
На барање на кандидатот, потврдата може да се издаде и на странскиот јазик на кој се полага.
Потврда за ниво според CEFR
ЛингваЛинк нуди можност за одредување на нивото на јазично познавање во согласност со нивоата на Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Испитите се нудат на сите нивоа (од А1 до Ц2) за одредување на јазичната компетенција на англиски и германски јазик.
Цената и должината на тестот зависат од нивото.
Тестирање за потребни на институции
ЛингваЛинк нуди можност за организирање на тестирање за потребите на Вашата организација. Овие тестови го тестираат јазичното познавање на кандидатите и може да се приспособат на потребите на институцијата.
Тестирањето може да послужи при примање на нови вработени во Вашата организација или пак за одредување на нивото на јазичното познавање на Вашите вработени.
Пробни тестови (англиски и германски)
Овие тестови им помагаат на кандидатите да се запознаат со тежината, нивотo и форматот на испитот кој сакаат да го полагаат, а во исто време и да ги согледаат пропустите кои ги имаат и вештините кои треба да ги совладаат.
Други услуги
Изнајмување на
простории
ЛингваЛинк ги изнајмува своите простории за изведување испити, одржување семинари, предавања, работилници и сл.
Просториите се климатизирани и опремени со соодветна техничка опрема.
Комуникацискa
обуки
Обуката за развој на деловните комуникациски вештини е наменетa за сите оние кои знаат дека деловната комуникација, усна и пишана, е клучен фактор за секој бизнис.
Обуката се нуди на македонски и англиски јазик и се одвива во саботите.
По завршување на обуката, секој учесник добива сертификат за учество.