АНГЛИСКИ - КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА И ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ


НИВО A0 (А0.1/А0.2/А0.3): КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА ОД 5 ДО 7 ГОДИНИ

Овие курсеви траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути.
Децата го изучуваат јазикот спонтано преку ситуации, игри, приказни, песни и драматизации приспособени на нивната возраст и интереси. Курсевите на ниво А0 се засновани на говорна интеракција со првично описменување.

НИВО A1 (А1.1/А1.2) и A2 (А2.1/А2.2): КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ - ОСНОВНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА 
Овие курсеви траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути.
Учениците добиваат основно познавање на четирите јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Курсевите нудат интересна и мотивирачка наставна програма со информации за светот и различните култури претставени на разновиден и соодветен начин.

НИВО Б1 (Б1.1/Б1.2) и Б2 (Б2.1/Б2.2): КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ – САМОСТОЈНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
Овие курсеви траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути.
Курсевите го премостуваат јазот меѓу основното јазично познавање и компетентната јазична употреба и претставуваат постојана надградба  не само на јазикот туку и на когнитивната зрелост. Особено внимание се посветува на презентирање на јазикот во автентичен и реален контекст. Сите јазични вештини и структури се вградени во наставниот план и програма.

НИВО Ц1 (Ц1.1/Ц1.2) и Ц2 (Ц2.1/Ц2.2) : КУРСЕВИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ - КОМПЕТЕНТНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
Курсевите на нивоата Ц1.1 и Ц2.1 траат една учебна година, додека курсевите Ц1.2 и Ц2.2, кои се подготовка за испит, траат еден семестар. Наставата се одвива двапати неделно по 100 минути.
Курсевите изобилуваат со мотивирачки теми и активности кои го прошируваат сознанието на учениците и ги поттикнуваат да го користат јазикот на компетентно и самостојно ниво преку:

  • Пишување различни видови текстови
  • Постојан акцент на зборувањето преку дискусии, дијалози и дебати
  • Читање и слушање автентични материјали
  • Надградување и повторување на вокабуларот.

Забелешка: Сите нивоа се дадени според Заедничката европска рамка за јазици (CEFR).

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк