Вести

Честитки до првата генерација кандидати на ЛингваЛинк кои успешно ги положија меѓународните испити по англиски јазик на институцијата City & Guilds!

четврток, 03 септември 2009

Благодарение на своето повеќегодишно успешно подучување на англискиот јазик, ЛингваЛинк се стекна со лиценца за прв и единствен испитен центар на City & Guilds во Македонија и регионот. City & Guilds (www.cityandguilds.com) e организација основана во 1878 година во Велика Британија која се бави сo изведување на испити за јазична компетенција  на говорители од други јазици според Заедничката Европска рамка. Сертификатите City &Guilds International ESOL се признати не само во Британија туку и ширум светот. Тие можат да се приложат  како доказ за нивото на познавање на англискиот јазик при вработување во државни служби и организации и за запишување на преку 40 универзитети во Велика Британија и во земјите од англиско говорно подрачје (повеќе информации за ова на  www.cityandguilds.com/recognition)

ЛингваЛинк  им нуди можност на своите слушатели да го полагаат испитот по завршување на нивото кое го посетуваат и тоа на крајот од зимскиот или летниот семестар. Во јунската сесија, нашите кандидати ги полагаа испитите на City & Guilds на нивоата А1, А2, Б1 и Б2 и со гордост Ве известуваме дека 90% од кандидатите успешно го положија испитот, а од нив дури 60 % добија First Class Pass! Бројките зборуваат сами за себе! Честитки за сите уште еднаш!

Сите други заинтересирани да се стекнат со меѓународно призната диплома за јазична компетенција на англискиот јазик можат да се обратат во просториите на ЛингваЛинк и ќе им се обезбеди термин за полагање не подоцна од три недели по пријавувањето.


Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк