Вести

Времен прекин на наставата

вторник, 10 март 2020

Почитувани,


Дозволете ни да Ве известиме дека ЛингваЛинк ќе се придржува до Одлуката на деншната седница на Владата со која се препорачува прекин на одвивање на наставно-воспитните процеси и избегнување јавни собири како превенција од ширење на коронавирусот. Согласно оваа Одлука, ЛингваЛинк ќе ја прекине наставата до 24-ти март, а за сите дополнителни измени се обврзуваме благовремено да Ве информираме.


Часовите кои нема да се одржат во овој период, ќе бидат надополнети, а подетални информации за деновите и термините ќе добиете откако ќе продолжиме со редовната настава.


Ви посакуваме на сите добро здравје и се надеваме дека ќе продолжиме непречено со работа во најскоро можно време.


Искрено Ваши,

ЛингваЛинк


Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк