Вести

Летен курс во Англија

четврток, 02 април 2015

Оваа година во соработка со КУБ од Белград ЛингваЛинк организира летен курс во Англија за своите слушатели.

Курсот е наменет за ученици на возраст од 10 до 18 години и ќе се одвива во прекрасен кампус од затворен тип во близина на Хоршам во западен Сасекс. Местото е идеално за најмладите вљубеници во англискиот јазик. Сместувањето е во интернат и се обезбедени три оброци во школската кантина. Курсот трае две недели и во текот на неделата учениците имаат 20 часа. Курсот вклучува два целодневни излети во текот на неделата - до Лондон со воз, Брајтон и Портсмут, како и разгледување на Хоршам.


Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк