TestAS е централен стандардизиран академски испит кој ги тестира интелектуалните способности на потенцијалните студенти од земјите кои не се членики на ЕУ, а сакаат да се образуваат на универзитетите во Германија.
Испитот може да се полага на германски и англиски јазик.
Испитот се состои од основен тест, тест од посебна област и јазичен тест. Јазичниот тест се прави online, а основниот тест и тестот од посебна област се работат писмено.
Испитот може да го полагате во Вашиот лиценциран испитен центар ЛингваЛинк.
Пријавувањето го правите лично на веб страната www.testas.de на делот за кандидати.
Откако ќе се пријавите, ќе добиете повратна електронска пошта со линк.
Цената на испитот TestAS е 115 Евра.
На денот на испитот со себе треба да носите важечка легитимација (лична карта или пасош).
За успешно полагање потребно Ви е најмалку Б1 ниво според Заедничката европска рамка за јазици.
Проверете дали TestAS е едно од барањата за прием на Вашиот факултет.
Термини за 2021
Ден на испит | Пријавување |
04.03.2021 (четврток) | 11.11.2020 - 07.01.2021 |
24.04.2021 (сабота) | 19.01.2021 - 08.03.2021 |
30.10.2021 (сабота) | 02.06.2021 - 14.09.2021 |
| |