onSET


onSET-English

onSET-Deutsch

Испитот onSET-English е онлaјн испит за одредување на општото јазично познавање на англиски јазик како странски јазик брзо, едноставно, точно и објективно, додека onSET-Deutsch е верзија на тестот за германски јазик. Тој е стандардизиран и се состои од осум кратки писмени тестови со дваесет празни места на различни теми и со различен степен на тежина. Резултатот од onSET е објективен и точен и се добива непосредно по завршувањето на испитот. Истиот трае најмногу 50 минути.

Испитот onSET се базира целосно на интернет (пријавување, полагање, добивање сертификат за постигнати резултати). 

Цената на onSET изнесува 1.500 денари.

Единствен лиценциран центар за полагање на onSET во Македонија е ЛингваЛинк

Термините за полагање и роковите за пријавување на onSET зависат од ЛингваЛинк. Можете да се пријавите за одреден термин, веднаш штом ЛингваЛинк го внесе терминот во календарот на onSET порталот. 

Сите детални информации околу пријавувањето и самиот испит можете да ги најдете на www.onset.de

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк