TestDaF

TestDaF е централен, стандардизиран испит за германски како странски јазик кој се применува ширум светот и тоа првенствено за студенти кои сакаат да студираат во Германија и за сите оние на кои им треба доказ за познавање на германскиот јазик.

TestDaF ги испитува одделно четирите вештини: слушање, читање, пишување и зборување. Испитот ТестDaF има три нивоа: ниво 5 (TDN5), ниво 4 (TDN4) и ниво 3 (TDN3). Целиот испит трае три часа и десет минути без пауза. Со паузи испитот трае приближно пет часа и задолжително е да се изведе во еден ден.

Цената на TestDaF изнесува 145 евра.
Од 2010 година пријавувањето се врши online. Ве молиме следете ги инструкциите за да се пријавите:

  • Отворете ја веб страната на TestDaF и започнете со online  пријавувањето
  • Изберете го Вашиот испитен  центар – ЛингваЛинк, заедно со online начинот на плаќање
  • Внесете ги Вашите податоци за контакт и потврдете ја изјавата за заштита на податоците
  • Внесете ги Вашите податоци за идентификација и одговорете на останатите прашања
  • Изберете го начинот на плаќање – со кредитна картичка или преку жиро сметка , и внесете ги потребните податоци
  • Потврдете ги внесените податоци, како и AGW и BVB
  • Процесот на пријавување е завршен. Потврдата за пријавување можете да ја добиете преку електронска пошта или како PDF документ на порталот за кандидати
  • Прочитајте ги правилата внимателно, препишете ја изјавата за согласност и потпишете ја потврдата за полагање на испитот. На денот на испитот носете ја со себе.

Изберете термин кој највеќе Ви одговара и пријавете се во периодот определен за пријавување.

TestDaF термини за 2020

Тест

Термин

Пријавување

T103

13 февруари 2020

21.11.2019 - 16.01.2020

T104

22  април 2020

26.02.2020 - 27.03.2020

Т105

03  јуни  2020

08.04.2020 - 06.05.2020

Т10622 јули 202027.05.2020 - 24.06.2020
Т10710 септември 202016.07.2020 - 13.08.2020
T10810 ноември 202015.09.2020 - 13.10.2020

 

Сите детални информации околу пријавувањето и самиот испит можете да ги најдете на www.testdaf.de

Доколку планирате да го полагате испитот TestDaF, можете да се запишете на подготвителниот курс во ЛингваЛинк каде ќе се запознаете со форматот на испитот, стратегиите за успешно полагање на сите делови и на крајот да добиете комплетен извештај и коментар за постигнатите резултати.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк