telc

Jазичнииспити telc GmbH


Јазичните испити telc или Европски јазични сертификати (
The European Language Certificates) се познати ширум светот и се признати како јазична потврда од многу работодавачи, медицински установи, училишта, универзитети и се користат и за миграциски цели.


Jазичните испити telc нудат транспарентно и точно одредување на јазичната компетенција и јазичното ниво без разлика на тоа каде се изучува јазикот. Испитите ги опфаќаат сите јазични вештини и нивоа дадени согласно Заедничката европска референтна рамка  за јазици 
(the Common European Framework of Reference for Languages - CEFR) на Советот на Европа и се нудат од најниското А1 ниво за почетници до највисокото Ц2 ниво. Со тоа, овие јазични серфитикати се објективни и стандардизирани, а резултатите валидни и потврдени.

Квалитетот на јазичните испити telc е одобрен од страна на Асоцијацијата  на јазични оценувачи на Европа (Association of Language Testers in Europe-ALTE). Овие испити се резултат на повеќегодишно искуство во областа на тестирањето, квалитетот и истражувањето.


telc Online Placement Test
telc исто така нуди и онлајн тест за одредување на нивото (telc Online Placement Test) наменет за кандидати, работни организации и универзитети кои сакаат да го одредат јазичното ниво брзо и лесно.


Важно: Во Германија, telcgGmbH е во партнерство со федералната влада во процесот на јазично оценување во крајната фаза на интеграцискиот процес за имигранти. Поединците кои сакаат да аплицираат за германско државјанство можат да приложат сертификат telc како доказ за потребните јазични вештини. Кога станува збор за дозволи за престој, сите земји во кои се зборува германскиот јазик ги признаваат сертификатите telc.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк