TOEFL iBT


TOEFL iBT (Test of English as a Foreign Language - internet based test)
е меѓународен испит кој е потребен за влез во повеќе од 9.000 колеџи и институции во 130 земји вклучувајќи ги скоро сите универзитети во САД, Обединетото Кралство на Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и други земји.

Испитот TOEFL iBT се состои од четири дела: читање, слушање, зборување и пишување. Сите четири дела се полагаат во еден ден, а целиот испит трае околу четири чaсa.

TOEFL iBT може да го полагате во ЛингваЛинк - Вашиот лиценциран и доверлив центар за администрирање на испитот.

Лабораторијата во која се полага испитот е пријатно место со модерни компјутери. Можете да бидете апсолутно сигурни за доверливоста и професионалноста на администраторите и прокторите.

Пријавувањето се врши на интернет адресата www.ets.org,

Цената на TOEFL iBT изнесува  180 американски долари.

TOEFL iBT можете да го полагате 2 до 3 пати во текот на секој месец, обично во петоците и саботите според претходно назначените датуми определени од ETS.

На самиот ден на полагањето задолжително е со себе  да понесете соодветна идентификација (пасош или лична карта). Без потребните документи нема да можете да го полагате испитот, а уплатените средства нема да Ви бидат вратени.

Доколку планирате да го полагате испитот TOEFL iBT, можете да се запишете на подготвителниот курс во ЛингваЛинк каде ќе се запознаете со форматот на испитот,  стратегиите за успешно полагање на сите четири дела и  на крајот да добиете комплетен извештај и коментар за постигнатите резултати.

За подетални информации посетете ја официјалната страна на TOEFL: www.ets.org/toefl

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк