КУРС ПО КОНВЕРЗАЦИЈА


Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на англискиот јазик (ниво Б1 според Заедничката европска рамка за јазици), а на кои им е потребно да ја подобрат својата умешност во конверзацијата.

Предвидени се содржини кои ќе Ви помогнат да се изразите точно и спонтано и да остварите успешна комуникација на различни теми. Курсот ги опфаќа следниве аспекти:
  • Искажување на свое мислење и барање мислење
  • Согласување / Несогласување
  • Учтиво барање
  • Предлози и сугестии
  • Телефонирање
  • Давање на совети
  • Поплаки и извинувања
Можат да бидат опфатени и дополнителни теми според потребите на слушателите.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк