Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на англискиот јазик (ниво Б1 според Заедничката европска рамка за јазици).
Предвидено е повторување, утврдување и проширување на знаењата од областа на граматиката.
Се разработуваат следниве граматички целини:
- Сегашни времиња
- Минати времиња
- Начини за изразување на идно време
- Пасив
- Индиректен говор
- Условни реченици
- Модални глаголи
Можат да бидат опфатени и дополнителни граматички целини со цел да се задоволат потребите на слушателите.