ГЕРМАНСКИ-КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА И ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ


НИВО A0: КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА ОД 5 ДО 8 ГОДИНИ

Овие курсеви траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно.

Децата го изучуваат јазикот спонтано преку ситуации, игри, приказни, песни и драматизации приспособени на нивната возраст и интереси. Курсевите на ниво А0.1 и А0.2 се засновани на говорна интеракција со првично описменување.

НИВО A1 (А1.1/А1.2) и A2 (А2.1/А2.2): КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ - ОСНОВНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА 

Овие курсеви траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно.

Учениците добиваат основно познавање на четирите јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Курсевите нудат интересна и мотивирачка наставна програма со информации за светот претставени на разновиден и соодветен начин.

НИВО Б1, Б1+ и Б2 (Б2.1/Б2.2): КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ – САМОСТОЈНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА

Курсевите  на ниво Б1 и курсот Б1+ траат една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно.

Курсот на ниво Б2 трае една учебна година.

Курсевите го премостуваат јазот меѓу основното јазично познавање и компетентната јазична употреба и претставуваат постојана надградба  не само на јазикот туку и на когнитивната зрелост. Особено внимание се посветува на презентирање на јазикот во автентичен и реален контекст. Сите јазични вештини и структури се вградени во наставниот план и програма.

НИВО Ц1 (Ц1.1/Ц1.2/Ц1.3): КУРСЕВИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ - КОМПЕТЕНТНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА

Курсот на ниво Ц1 (Ц1.1/Ц1.2) траe една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно. Курсот Ц1.3 трае едно полугодие со настава двапати неделно и е подготовка за испитот telc C1 De/Hochcshule.

Курсевите изобилуваат со мотивирачки теми и активности кои ги прошируваат сознанијата на слушателите и ги поттикнуваат да го користат јазикот на компетентно и самостојно ниво преку:

  • Пишување различни видови текстови
  • Постојан акцент на зборувањето преку дискусии, дијалози и дебати
  • Читање и слушање на автентични материјали
  • Надградување и повторување на вокабуларот

Забелешка: Сите нивоа се дадени според Заедничката европска рамка за јазици (CEFR).

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк