CAMBRIDGE ENGLISH:FINANCIAL(ICFE)


Ниво Б2-Ц1
Времетраење: 16 недели
Број на часови: 80 -160 часа од 40 минути


Ова е меѓународно признат испит, наменет за оние кои планираат да  изградат кариера во финансискиот сектор и сметководство. Тој е доказ за  потенцијалниот работодавач дека кандидатот поседува вештини да комуницира на англиски јазик во меѓународната финансиска средина. За поединците кои веќе имаат искуство во оваа област, тој може да послужи како доказ за нивната способност да го употребат англискиот јазик во интернационален контекст.

Овој испит на Кембриџ се фокусира на теми кои финансиските експерти ги среќаваат во секојдневната работа, како:

  • Финансиско известување
  • Анализа на ризик и оценка
  • Етика и професионализам
  • Сметководство
  • Средства и вредности на една компанија
  • Купување и спојување на компании:
Испитот се состои од четири дела:
  • Читање - овој дел од тестот ја оценува способноста на кандидатот да  разбере финансиски текстови  и референтни книги од меѓународното сметководство и стандарди при ревизија, корпоративни документи и финансиски извештаи;
  • Пишување -  овој дел ја оценува употребата на англискиот јазик при пишување писма и извештаи во сметководствен и финансиски контекст. Кандидатите треба да покажат дека можат да го употребуваат англискиот јазик во објаснување, убедување и аргументирање.
  • Слушање - кандидатите слушаат автентични снимки, како презентации, предавања, вести, дискусии и интервјуа на теми поврзани со финансиите.
  • Зборување - Овој дел ја оценува употребата на говорниот јазик, вклучувајќи ја способноста да одговараат на прашања и да ги изразуваат своите идеи кохерентно на теми од областа на финансиите.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк