CAMBRIDGE ENGLISH:LEGAL(ILEC)


Ниво Б2-Ц1

Времетраење: 32 недели
Број на часови 160 часа од 40 минути

Овој испит на Кембриџ е наменет за тестирање на способноста на правните лица да го употребуваат англискиот јазик во нивната професија. Тој го тестира знаењето на јазикот, а не знаењето на правото. Првенствено е наменет за адвокатите и студентите на право. Воедно, тој му помага на работодавачот да го оцени правилно владеењето на англискиот јазик при изборот на правното лице, додека, на оние кои се веќе вработени им овозможува да се стекнат со меѓународно призната диплома.

Испитот се базира на реалистични задачи и теми со кои правниците се среќаваат во нивната секојдневна работа. Темите кои се опфатени со овој испит се:

  • корпоративно право
  • деловни врски
  • договор
  • продажба на добра
  • недвижнини
  • должник-кредитор
  • интелектуална сопственост
  • вработување
  • конкуренција
  • преговарачки инструменти
  • аспекти на меѓународното право

Испитот се состои од четири дела:
  • Читање - текстовите кои се обработуваат се избрани од широк спектар на автентични извори како правни текстови  и референтни книги, правни списанија, правна корепонденција, извештаи и веб страни.
  • Пишување - се состои од две задолжителни задачи  како одговор на  даден стимул. Кандидатите треба да напишат писмо и меморандум. Фокусот на првата задача е на концизен израз, точност на јазикот,  организација на содржината и соодветност. Во втората задача кандидатите имаат поголема слобода да ја искажат својата јазична компетенција, со поголема флексибилност.
  • Слушање - слушателите се изложуваат на автентични снимки, како монолози, презентации, предавања, изјави приспособени на задачите на испитот.
  • Зборување - работејќи индивидуално и во парови, кандидатите ја покажуваат својата способност да го употребат говорниот јазик ефикасно, спонтано и на конкретна тема од областа на правото.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк