CAMBRIDGE ENGLISH:BUSINESS CERTIFICATES(BEC)


Ниво Б2/Ц1
Cambridge English: Business Vantage/
Cambridge English: Business Higher
Времетраење: 16 недели
Број на часови: 80/100 часа од 40 минути.

Овој испит ја тестира способноста за употреба на англискиот јазик во деловен контекст. Идеален е за кандидати кои се вработени или пак се подготвуваат да се вработат на разни работни места: во канцеларија, производство, маркетинг или финансии. BEC испитот се состои од четири дела:

  • читање
  • пишување
  • слушање
  • зборување


Цели и резултати:
Доброто познавање на англискиот јазик е потребно да се успее во меѓународниот бизнис и комерција. Ако кандидатите се во состојба да ги покажат своите јазични вештини, тие ќе имаат голема предност на пазарот на трудот и многу поголема флексибилност при нивната желба за работа во странство. Добивањето на една ваква меѓународно призната  диплома е доказ дека кандидатите се здобиле со познавање на англискиот јазик на соодветен стандард и можат да го употребат истиот во професионален контекст. Тие треба да ги препознаваат варијантите меѓу формалниот и неформалниот јазик во пишан и говорен контекст, како и нијансите во значењето на зборовите во секојдневната и деловната комуникација.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк