CAMBRIDGE ENGLISH:PROFICIENCY(CPE)


Ниво Ц2.2
Времетраење: 20 недели
Број на часови: 140 часа од 40 минути (100 часа+40 часа модел тестови)

Содржини:

  • Вокабулар - вокабуларот е на највисоко академско ниво и ги одразува и најсуптилните нијанси на значењето на зборовите. Текстовите воведуваат нови структури и зборови, кои понатаму преку вежбите практично се применуваат и продлабочуваат.
  • Граматика - слушателите го надградуваат претходно стекнатото знаење со тоа што систематски ги вежбаат и усвојуваат финесите во употребата на граматичките структури.
  • Читање - текстовите кои се обработуваат се избрани од широк спектар на автентични извори и ја одразуваат комплексноста на јазикот со која слушателите ќе се соочат на самиот испит.
  • Пишување - преку конкретни примери слушателите ја запознаваат и усвојуваат структурата на одделни облици на пишан текст (извештаи, статии, есеи, критички осврти, и писма.), како и изразите и вокабуларот кои притоа се користат.
  • Слушање - слушателите се изложуваат на автентични снимки, снимени во најразлични контексти и приспособени на задачите во самиот испит. Притоа, слушателите учат да препознаваат суптилно искажани значења, чувства и ставови.
  • Зборување - работејќи индивидуално и во парови, слушателите ја развиваат својата способност да се изразуваат спонтано на конкретни зададени теми, со јазик кој одразува познавање на комплексни структури и вокабулар.


Цели и резултати:
Слушателите го надградуваат познавањето на јазикот до ниво Ц2 и ги изучуваат сите техники за успешно совладување на испитниот формат. Вежбите што се работат се прилагодени на испитниот формат, а еднакво внимание им се посветува на сите вештини што се тестираат на испитот. Следствено тие се сосема оспособени успешно да го совладаат форматот на сите четири дела на Cambridge English: Proficiency.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк