CAMBRIDGE ENGLISH:ADVANCED(CAE)


Ниво Ц1.2
Времетраење: 20 недели
Број на часови: 140 часа од 40 минути (100 часа+40 часа модел тестови)


Содржини:

  • Вокабулар - се работи на темелно надоградување на активниот и пасивниот вокабулар, а особено внимание се обрнува на зборови со иста или слична форма, на различно значење, префикси и суфикси, колокации и фразални глаголи. Слушателите се обучуваат да го извлечат значењето на непознати зборови од контекст.
  • Граматика - слушателите со веќе постигнатото знаење, самостојно ги извлекуваат и комплетираат граматичките правила. Тоа најчесто се прави со споредување и контрастирање на реченици, идентификување на јазичните функции и трансформации.
  • Читање - слушателите се изложуваат на сложени, автентични текстови од најразлични извори и се обучуваат да се справат со долги текстови до 1200 зборови и да одговорат на дадената задача преку читање за општо разбирање, скенирање, барање на конкретна информација и извлекување на значењата од контекст.
  • Пишување - совладување на форматите на различни типови на текстови: формални и деловни писма/електронски писма, извештаи, состави, предлози, неформални писма и осврти на книги.
  • Слушање - слушателите се изложуваат на широк спектар на акценти и варијанти на говорниот јазик од еден или повеќе говорители - разговори, дискусии, интервјуа, излагања, инструкции, предавања итн, со цел да ги разберат и да ја извршат конкретната задача.
  • Зборување - предвидена е работа во парови и групи која им помага да ги изградат општите комуникативни вештини и да ги развијат сопствените говорни вештини, употребувајќи вокабулар и јазични структури соодветни за ова ниво. 

Цели и резултати
Слушателите треба да го надградат општото познавање на јазикот предвидено со нивото (Ц1), во што се вклучени сите јазични вештини, да почнат да ги препознаваат варијантите меѓу формалниот и неформалниот јазик, како и нијансите на значење на зборовите. Следствено тие се сосема оспособени успешно да го совладаат форматот на сите четири дела на Cambridge English: Advanced.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк