CAMBRIDGE ENGLISH:FIRST(FCE)


Ниво Б2.2  
Времетраење: 32 недели
                Број на часови: 160 часа од 40 минути (128 часа+32 часа модел тестови)

Содржини:

  • Вокабулар - рециклирањето и тестирањето на новите зборови е постојана карактеристика на овој курс. Се обрнува особено внимание на вокабуларот кој се тестира на ова ниво. Слушателите постојано се поттикнуваат да ги употребат новите зборови при комуникација и пишување.
  • Граматика - слушателите со веќе постигнатото знаење, самостојно ги извлекуваат и комплетираат граматичките правила. Кај посложените граматички целини, се даваат кратки објаснувања и имаат помош од професорот. Знаењето го применуваат со цел да го совладаат форматот на испитот кој подразбира трансформации, зборообразување, вметнување зборoви, итн.
  • Читање - систематично справување со текстови од најразличен вид (весници, списанија, литература, огласи итн.) Задачите на читањето со разбирање варираат од читање за општо разбирање до читање за барање на конкретна информација.
  • Пишување - совладување на форматите на различни типови на текстови: формални  и деловни писма/електронски писма, статии, извештаи, состави, неформални писма/електронски писма и осврт на книги.
  • Слушање - слушателите се изложуваат на широк спектар на акценти и варијанти на говорниот јазик од еден или повеќе говорители - разговори, дискусии, интервјуа, излагања, инструкции, предавања итн, со цел да ги разберат и да ја извршат конкретната задача.
  • Зборување - предвидена е работа во парови и групи која им помага да ги изградат општите комуникативни вештини и да ги развијат сопствените говорни вештини.


Цели и резултати
Слушателите треба да го надградат општото познавање на јазикот предвидено со нивото (Б2), во што се вклучени сите јазични вештини, да почнат да ги препознаваат варијантите меѓу формалниот и неформалниот јазик, како и нијансите на значење на зборовите. Следствено, тие се сосема оспособени успешно да го совладаат форматот на сите четири дела на Cambridge English: First.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк