CAMBRIDGE ENGLISH:PRELIMINARY(PET)


Ниво Б1.2

Времетраење: 32 недели
Број на часови: 128 часа од 40 минути

Содржини:

  • Вокабулар - рециклирањето и тестирањето на новите зборови е главна карактеристика на овој курс. Особено внимание е посветено на вокабуларот кој се тестира во овој испит. Слушателите постојано се поттикнуваат да ги употребат новите зборови при комуникација или пишување.
  • Граматика - веќе постигнатото знаење се утврдува и продлабочува при што слушателите се поттикнуваат сами да почнат да ги извлекуваат и комплетираат граматичките правила. Знаењето првенствено се применува да се совлада форматот на испитот.
  • Читање - систематично справување со текстови од најразличен вид (разни знаци и известувања кои можат да се видат на улица, пакувања од разни производи, брошури, градски водичи, инструкции како да се направи нешто, како и неформални писма, статии од весници и списанија, временски прогнози.) Задачите на читањето со разбирање варираат од препознавање на фактите до главните идеи и глобалното значење содржано во текстот.
  • Пишување - совладување на форматот на неформално писмо.
  • Слушање - слушателите се изложуваат на широк спектар на теми од еден или повеќе говорители со цел да го разберат значењето и да ја извршат конкретната задача.
  • Зборување - предвидена е работа во парови и групи која им помага да ги изградат општите комуникативни вештини и да ги развијат сопствените говорни вештини.

Цели и резултати
Слушателите треба да го надградат општото познавање на јазикот предвидено со нивото (Б1), во што се вклучени сите јазични вештини. Следствено тие се сосема оспособени успешно да го совладаат форматот на сите три дела на Cambridge English: Preliminary.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк