Интезеивен курс Редовен курс
Времетраење: 4 недели Времетраење: 16 недели
Број на часови: 32 часа од 40 мин. Број на часови: 85 часа од 40 мин.
TestDaF е централен, стандардизиран тест за германски како странски јазик кој ги опфаќа нивоата Ц1 и Ц2 од Заедничката европска рамка за јазици. TestDaF ги оценува лингвистичките способности на кандидатите во контекст на академска средина и е предвиден за јазичните изучувачи со повисока јазична компетенција. Тој се применува ширум светот и тоа првенствено за студенти кои сакаат да студираат во Германија, за престој на високообразовнi институции во Германија, и за сите оние на кои им треба доказ за познавање на германскиот јазик.
TestDaF ги оценува четирите јазични вештини и затоа подготвителниот курс за TestDaF ги опфаќа читањето, слушањето, писмениот израз и усниот израз и ги подготвува слушателите за сите техники потребни за совладување на испитниот формат.
Слушање: Овој дел вклучува усвојување на техниката и форматот на тестот преку слушање на автентични дијалози од универзитетското секојдневие, интервјуа на научна тема или разговори и комплексни научни предавања.
Писмен израз: Во овој дел, слушателите се обучуваат да се изразат на одредена тема соодветно и аргументирано. Се усовршуваат техниките на пишување, принципите за организација на пишаниот текст како и соодветна употреба на вокабулар и изрази.
Читање: Слушателите се изложени на текстови на теми поврзани со студиите, новинарски извештаи од научни истражувања и текстови од научни списанија или книги. Курсот ги објаснува и увежбува техниките на брзо и ефикасно читање и справување со непознатиот вокабулар во даден контекст.
Устен израз: Овој дел им помага на слушателите да ги развијат своите говорни вештини и да успеат да се изразат, да реагираат, да дадат информации, да опишат и да аргументираат во определен временски рок.
Доколку подготвителниот курс за TestDaF е интезивен, тој обично се изведува во петок и сабота.