INTERNATIONAL ENGLISH LANGUAGE TESTING SYSTEM


(IELTS)
Времетраење: 6 недели

IELTS  е меѓународен тест за одредување на нивото на англискиот јазик. Постојат две варијанти (модули) на испитот: општ (General) модул (за оние кои сакаат да го продолжат средното образование во земјите каде се зборува англиски јазик, и при аплицирање за работна и иселеничка виза за Австралија и Нов Зеланд) и академски (Academic) модул (за влез на високо образовни институции, за студирање или постдипломски студии во Европа, Северна Америка и Австралија).

Курсот се базира врз запознавање на слушателите со форматот на испитот и усвојување на техники за најбрзо и најефикасно справување со четирите јазични вештини/делови од испитот: слушање, читање, пишување и зборување. Се препорачува  слушателите кои се заинтересирани за посетување на овој курс да поседуваат најмалку средно ниво (Б1) на познавање на англискиот јазик.

  • Слушање: се усвојуваат основните принципи на селективно слушање, како и слушање за разбирање на главната идеа. Слушателите се запознаваат со сите типови на прашања и задачи кои постојат во форматот на испитот, како што се избор меѓу неколку дадени одговори, давање на кратки одговори, пополнување на табели, белешки, резимеа, завршување на точната реченица, поврзување, означување на делови од дијаграми, итн.
  • Читање: кандидатите се запознаваат со техниките на брзо и ефикасно читање: scanning (брзо лоцирање на информации во текстот) и skimming (читање за да се добие генерална идеја за организацијата и содржината на текстот). Се работи на увежбување на овие техники преку работење со разновидни типови на текстови и задачи, како што се: избор меѓу неколку понудени одговори, дополнување на реченици/резимеа/табели, давање на кратки одговори, поврзување на параграфи со поднаслови, идентификување на идејата/ставот на авторот, итн.
  • Пишување: курсот ги опфаќа принципите на пишување на задолжителните писмени состави вклучени во овој испит. Кандидатите кои го полагаат општиот модул се запознаваат со пишување на формални, полуформални и неформални писма, како и есеи на одредена тема. Кандидатите пак кои се заинтересирани за полагање на академската варијанта, пишуваат извештаи за статистички податоци претставени во вид на дијаграми и табели, како и есеи на одредена тема, каде што се бара давање и образложување на одреден став, презентирање на решение за одреден проблем, итн.
  • Зборување: овој дел од курсот ги запознава слушателите со основните правила и техники за справување со устниот дел од испитот (течно изразување, организирање и поврзување на идеите, изразување на јасни ставови/заклучоци како и нивно аргументирање и сл.) Освен теоретските поставки и принципи во однос на тоа што се очекува од кандидатите при овој дел од испитот, слушателите имаат можност да поминат и низ неколку симулирани интервјуа каде се соочени со теми и прашања идентични на оние од IELTS.

На крајот од курсот слушателите прават модел тест (симулација на вистинскиот испит) и добиваат извештај кој содржи можни резултати од сите делови од испитот и препорака на професорот.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк