ПОДГОТОВКА ЗА ИСПИТИ


ЛингваЛинк нуди подготвителни курсеви за меѓународно признати сертификати. Овие курсеви се со различно времетраење и се насочени кон крајната цел, положување на испитот за кој кандидатите се определиле.

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

ЛингваЛинк врши подготовка за испитите на Cambridge English на сите нивоа

KET, PET, FCE, CAE, CPE
ILEC
ICFE


Подготовка за TOEFL iBT (Test of English as a Foreign Language internet Based Test)
како и подготовка за IELTS.

 
ГЕРМАНСКИЈАЗИК

ЛингваЛинк врши подготовка за испитите на Goethe Institut на сите нивоа

Goethe Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 
Goethe Zertifikat A1: Start Deutsch 1
Goethe Zertifikat A2: Fit in Deutsch 2 
Goethe Zertifikat A2: Start Deutsch 2
Goethe Zertifikat B1
Goethe Zertifikat B2 
Goethe Zertifikat C1

како и за TestDaF централен стандардизиран испит за германски како странски јазик кој се применува ширум светот и тоа првенствено за студенти кои сакаат да студираат во Германија и за сите оние на кои им треба доказ за познавање на германски јазик.

Подготвителни курсеви за јазичните испити telc
Jазичните испити telc  ја оценуваат комуникативната компетенција на оној кој полага и затоа не се потребни специјализирани курсеви за овие испити. Сите курсеви во ЛингваЛинк се нивелирани со нивоата на Заедничката референтна европска рамка  за јазици (the Common European Framework of Reference for Languages – CEFR) и водат кон крајната цел, положување на испитот за кој кандидатите се определиле.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за некој од јазичните испити telc, во петоците (2 односно 3 петока) се организираат модули (од 5, 6 односно 8 часа часа во зависност од нивото) кои ќе ги подготват заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогнат да го извлечат максимумот од своето знаење.


Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк