Подготовка за TOEFL iBT


ЛингваЛинк нуди подготвителниот курс за TOEFL iBT кој ќе Ве запознае со форматот на испитот и стратегиите за успешно полагање на сите четири дела.

Курсот опфаќа:

  • Читање: Слушателите се изложени на академски текстови од околу 700 збора со различна тематика. Курсот ги објаснува и увежбува техниките на брзо и ефикасно читање и справување со непознатиот вокабулар во даден контекст.
  • Слушање: Се усвојуваат основните принципи за селективно слушање, како и слушање за разбирање на главната идеја. Овој дел вклучува слушање на автентични и долги предавања и разговори и се усвојува техниката и форматот на тестот.
  • Зборување: Овој дел им помага на слушателите да ги развијат своите говорни вештини и да успеат во краток и ограничен временски рок да го спремат својот одговор употребувајќи соодветен вокабулар и јазични структури.
  • Пишување: Во овој дел, слушателите се обучуваат да напишат една интегрирана задача на основа на даден аудио стимул и еден есеј на зададена тема во која од нив се бара давање и образложување на одреден став или опишување на позитивните и негативните страни на одредена тема. Се увежбуваат техниките на пишување, принципите за организација на пишаниот текст како и соодветна употреба на вокабулар и изрази.

Курсот обично се одржува во петоците од 18 до 20 часот. Може да се оформи група или слушателот може да се одлучи за индивидуална настава. Се започнува со дијагностички тест кој го одредува јазичното ниво на кандидатот, а во исто време ги дефинира и областите каде треба подобрување. 
На крајот од курсот слушателите прават симулација на испитот со што добиваат реална слика за можните бодови и што да очекуваат.


Исто така, ETS нуди голем број материјали (preparation materials) за TOEFL iBT. Некои од нив се се бесплатни, а некои не.  

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк