Добивање резултати


Вашите резултати ќе бидат објавени приближно 10 дена по датумот на полагање.

Можете да ги видите резултатите електронски доколку се логирате на Вашата сметка на TOEFL iBT и ја одберете опцијата "View Scores" на Вашата почетна страна.

Можете да ја преземете и испечатите PDF верзијата на Вашиот извештај со резултати приближно 13 дена после датумот на полагање.

Резултатите ќе Ви бидат исто така испратени по пошта (доколку сте побарале печатен примерок) и до институциите или агенциите кои сте ги избрале приближно 13 дена после датумот на полагање.

Можете повторно да го полагате тестот за да го подобрите резултатот. Не постои ограничување колку пати можете да го полагате тестот, но не можете да го полагате порано од 12 дена од последното полагање. Доколку имате закажано тестирање, не можете да се пријавите за нов датум во рок од 12 дена од првиот закажан датум за тестирање.

За тестот TOEFL iBT, кој се администрира преку интернет, ќе добиете резултати за четирите делови и вкупен резултат:

Делот читање (Резултат: од 0 – 30)
Делот слушање (Резултат: од 0 – 30)
Делот зборување (Резултат: од 0 – 30)
Делот пишување (Резултат: од 0 – 30)

Вкупно (Резултат од 0 – 120)

Не постои положување или паѓање на TOEFL iBT тесот. Самите високообразовни институции и агенции поставуваат свои барања околу резултатите.

Резултатите од тестот TOEFL iBT се валидни две години од датумот на полагање.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк