Пишаната деловна комуникација, без разлика дали е во вид на писмо, факс, електронска порака, извештај, понуда или меморандум е клучниот аспект во светот на бизнисот. Таа е доказ за компетентноста и професионалноста на лицето кое ја воделo деловната комуникација, но во исто време, и слика на компанијата која ја претставува.
Содржините кои ги опфаќа оваа обука се:
- Писма (формални)
- Факс и ел. Порака
- Извештај
- Понуда
- Меморандум
Оваа обука е наменета за сите оние кои водат деловна кореспонденција во нивната работа, но и за сите оние кои треба да ги подобрат своите пишани деловни комуникациски вештини.
Секоја двосмислена или нејасно напишана порака претставува недоразбирање.