Подготовка за испити, германски, telc Ц1

 
НИВО Ц1 – КОМПЕТЕНТНА  ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
 
КУРСЕВИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Курсот Ц1.1 трае една учебна година, наставата се одвива двапати неделно, додека курсот Ц1.2 трае еден семестар. Курсевите ги поттикнуваат учениците да го користат јазикот на компетентно ниво преку читање и слушање автентични материјали, пишување различни видови текстови, учествување во дискусии, дијалози и дебати и надградување и повторување на вокабуларот.
 
Овие курсеви го опфаќаат нивото Ц1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.
 
Курсевите во целост ги подготвуваат учениците за испитот telc Deutsch C1 кој може да го полагаат по завршување на курсот Ц1.2.



НИВО Ц1 – КОМПЕТЕНТНА  ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
 
КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ СЛУШАТЕЛИ

Курсевите Ц1.1 и Ц1.2 траат една учебна година, а часовите се одвиваат двапати неделно. Учебниците и материјалите што се користат во рамките на курсот се светски познати и покажуваат одлични резултати. Главниот акцент е на комуникативните и интегрирани вештини кои им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот со голема сигурност. Курсевите го опфаќаат нивото Ц1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги подготвуваат слушателите за испитот telc Deutsch C1 кој може да го полагаат по завршување на курсот Ц1.2.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за испитот telc Deutsch C1, во петоците е организиран модул од 9 часа (3 петока) кој ќе ги подготви заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогне да го извлечат максимумот од своето знаење.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк