Подготовка за испити, германски telc А2

 
НИВО A2 : ОСНОВНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА

КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ

Курсевите А2.1 и А2.2 траат по една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути.
Учениците добиваат основно познавање на четирите јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Курсевите нудат интересна и мотивирачка наставна програма претставена на соодветен начин за да го опфати нивото А2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги подготвуваат учениците за испитот telc Deutsch A2 Schule кој може да го полагаат по завршување на курсот А2.2.



НИВО A2 - ОСНОВНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА

КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ СЛУШАТЕЛИ

Курсевите А2.1 и А2.2 траат една учебна година, а часовите се одвиваат двапати неделно. Учебниците и материјалите што се користат во рамките на курсот се светски познати и покажуваат одлични резултати. Главниот акцент е на комуникативните и интегрирани вештини кои им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот со голема сигурност. Курсевите го опфаќаат нивото А2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги подготвуваат слушателите за испитот telc Deutsch A2 кој може да го полагаат по завршување на курсот А2.2.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за испитот telc Deutsch A2, во петоците е организиран модул од 5 часа (2 петока) кој ќе ги подготви заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогне да го извлечат максимумот од своето знаење.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк