Подготовка за испити, англиски, telc Б2


НИВО Б2 – САМОСТОЈНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
 
КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ

Овие курсеви (Б2.1 и Б2.2) траат по една учебна година, а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути. 
Курсевите го премостуваат јазот меѓу основното јазично познавање и компетентната јазична употреба и претставуваат постојана надградба  не само на јазикот туку и на когнитивната зрелост. Особено внимание се посветува на презентирање на јазикот во автентичен и реален контекст. Овие курсеви го опфаќаат нивото Б2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.
 
Курсевите во целост ги подготвуваат учениците за испитот telc English B2 School кој може да го полагаат по завршување на курсот Б2.2.
 
 
 
НИВО Б2 – САМОСТОЈНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА
 
КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ СЛУШАТЕЛИ

Курсевите Б2.1 и Б2.2 траат една учебна година, а часовите се одвиваат двапати неделно. Учебниците и материјалите што се користат во рамките на курсот се светски познати и покажуваат одлични резултати. Главниот акцент е на комуникативните и интегрирани вештини кои им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот со голема сигурност. Курсевите го опфаќаат нивото Б2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги подготвуваат слушателите за испитот telc English B2 кој може да го полагаат по завршување на курсот Б2.2.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за испитот telc English B2, во петоците е организиран модул од 9 часа (2 петока) кој ќе ги подготви заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогне да го извлечат максимумот од своето знаење.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк