Подготовка за испити, англиски, telc А1

 
НИВО A1 : ОСНОВНА  ЈАЗИЧНА  УПОТРЕБА

КУРСЕВИ  ЗА  УЧЕНИЦИ

Курсевите А1.1 и А1.2 траат по една учебна година,  а наставата се одвива двапати неделно по 80 минути.
Учениците добиваат основно познавање на четирите  јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Курсевите нудат  интересна и мотивирачка наставна програма претставена на соодветен начин за да  го опфати нивото А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги  подготвуваат учениците за испитот telc English A1 Junior кој може да го полагаат по завршување на курсот А1.2.

 

НИВО A1 - ОСНОВНА ЈАЗИЧНА УПОТРЕБА

КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ СЛУШАТЕЛИ

Курсевите А1.1 и А1.2 траат една учебна година, а  часовите се одвиваат двапати неделно. Учебниците и материјалите што се користат во рамките на курсот се светски познати и покажуваат одлични резултати. Главниот акцент е на комуникативните и интегрирани вештини кои им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот со  голема сигурност. Курсевите го опфаќаат нивото А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Курсевите во целост ги  подготвуваат слушателите за испитот telc English A1 кој може да го полагаат по завршување на курсот А1.2.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за испитот telc English A1, во петоците е организиран модул од 5 часа (2 петока) кој ќе ги подготви заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогне да го извлечат максимумот од своето знаење.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк