Подготовка


Jазичните испити telc ја оценуваат комуникативната компетенција на оној кој полага и затоа не се потребни специјализирани курсеви за овие испити. Сите курсеви во ЛингваЛинк се нивелирани со нивоата на Заедничката референтна европска рамка  за јазици (the Common European Framework of Reference for Languages – CEFR) и водат кон крајната цел, положување на испитот за кој кандидатите се определиле.

Во текот на редовните курсеви се прават и пробни тестови кои ги запознаваат кандидатите со форматот на испитот.

За оние кои не се слушатели во ЛингваЛинк, а сакаат да се подготват за некој од јазичните испити telc, во петоците (2 односно 3 петока) се организираат модули (од 5, 9 односно 9.5 часа часа во зависност од нивото) кои ќе ги подготват заинтересираните за форматот на испитот и ќе им помогнат да го извлечат максимумот од своето знаење.
ЛингваЛинк исто така нуди и пробни тестови за јазичните испити telc (А1 – Ц2). Овие тестови им помагаат на кандидатите да се запознаат со тежината, нивотo и форматот на тестот кој сакаат да го полагаат, а во исто време и да ги согледаат пропустите кои ги имаат и вештините кои треба да ги совладаат.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк