Пријавување и цена


Пријавувањето се врши преку интернетна официјалната страна https://www.ets.org/toefl/ibt/register.

Можете да се пријавите 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Името со кое ќе се пријавите треба да е исто со името кои Ви стои во идентификацијата што ќе ја носите на денот на полагање. 

Треба да креирате профил или да се логирате доколку веќе имате TOEFL сметка на следниов link..

На “My Home Page” изберете “Register for a Test”.   
                                                                                      
Во опцијата “Select Product Type” одберете“TOEFL test”.

Прочитајте ги важните информации околу пријавувањето и подолу одберете “I agree to the terms and conditions described above as well as the ETS Terms of Use and Privacy and Security Policy.”

Кај “Register for a test” одберете го местото каде сакате да го полагате тестот и одберете “Macedonia” како Country/Location и одберете го “Skopje” како регион.

Одберете датум за полагање (Start Test Date).  Доколку сакате да побарате повеќе од еден датум за полагање, одберете ги и двете опции, Start and End Test Date. 

Одберете Lingualink Language School (STN10875A) за Ваш  лиценциран и доверлив центар за администрирање на испитот “Test Center”.

Внесете ги информациите од Вашата идентификација (ID). Под “Score Reporting References” изберете како сакате да ги добиете резултатите. Завршете ги останатите чекори на пријавувањето.

Платете со кредитна/дебитна картичка: American Express®, Discover®, JCB®, MasterCard® or VISA®.Исто така можете да користите PayPal® сметка или електронски чек (e-check) доколку имате сметка во САД или нејзините територии.

Цената на TOEFL iBT зависи од земјата каде полагате. За информации околу пријавувањето, цената, датумите и местото на полагање, одете на  test location.
 
За Македонија цената изнесува  180 американски долари.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк