TOEFL iBT (Test of English as a Foreign Language - internet based test) е меѓународен испит кој е потребен за влез во повеќе од 9.000 колеџи и институции во 130 земји вклучувајќи ги речисисите универзитети во САД, Обединетото Кралство на Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и други земји.
Испитот TOEFL iBT се полага преку интернет и ја оценува Вашата способност да го користите и разберете англискиот јазик на академско ниво. Се оценуваат четирите вештини: читање, слушање, зборување и пишување кои треба да ги употребите во исполнувањето на дадените академски задачи.
TOEFL iBT можете да го полагате 2 до 3 пати во текот на секој месец, обично во петоците и саботите според претходно назначените датуми определени од ETS.
Повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот се одлучуваат да го полагаат TOEFL iBT како доказ за јазична компетенција по англиски јазик и тоа:
- студенти кои планираат да студираат на високообразовни институции
- студенти кои се запишуваат на образовни програми на англиски јазик
- кандидати за стипендии или сертифицирање
- изучувачи на англиски јазик кои сакаат доказ за нивото кое го постигнале
- студенти и работници кои аплицираат за виза.