На денот на полагањето


Мора да донесете валиден и важечки документ за идентификација (пасош или лична карта) секогаш кога ќе се јавите во центарот за полагање. Ваша должност е да се осигурате дека документот за идентификација Ви е валиден, важечки и достапен на денот на полагањето. Документот за идентификација мора да го содржи Вашето полно име кое во целост одговара со името кое сте го навеле при пријавувањето, без надредни знаци, понова фотографија и Ваш потпис (кој одговара на Вашето име).

Без потребниот валиден и важечки документ или доколку името не одговара во потполност со името кое сте го навеле при пријавувањето, нема да можете да го полагате испитот, а уплатените средства нема да Ви бидат вратени.

Доколку не Ве примиле да го полагате тестот или доколку бодовите Ви се задржани или поништени заради невалиден или неважечки документ за идентификација уплатените средства нема да Ви бидат вратени.

Во лабораторијата каде се одржува испитот TOEFL iBT НЕ се дозволени никакви други лични предмети освен документот за идентификација. Сите предмети кои ќе ги донесете во центарот за тестирање на TOEFL iBT може да бидат предмет на инспекција или /и конфискација.

Планирајте да пристигнете во центарот зa полагање TOEFL iBT најмалку 30 минути пред назначеното време за почеток на испитот. Доколку задоцните, може да не Ви биде дозволено да го полагате испитот.

На почетокот ќе Ве сликаат и ќе Ви се одреди (местото) компјутерот на кој ќе полагате.

Ќе треба да потпишете Согласност за доверливост.

Може да побараат од Вас да ги извадите очилата за проверка.

За време на тестирањето или паузите НЕ се дозволени телефони, часовници или било кои други електронски направи, направи за снимање, слушање, скенирање или фотографирање.

Доколку Ве забележат да користите или да се обидете да пристапите до електронска направа и/или да пренесувате содржини/делови од тестот – кое вклучува но не е ограничено само на текстуални пораки, ел.пораки и фотографии – Вашиот уред ќе биде проверени може да се конфискува. Нема да можете да пристапите до личните работи за време на паузите, освен до водата, храната или лекови кои ги носите.

Никакви измени во распоредот не можат да се направат во центарот за тестирање.


За време на испитот

Доколку Ви е потребна помош, едноставно кренете ја раката.

Не смеете да ја напуштите лабораторијата за тестирање или центарот без дозвола ниту за време на тестот ниту за време на паузите.

Ќе Ви биде дадена хартија за прибелешки која ќе треба да ја вратите на крајот од испитот. Искористете ја целата хартија пред да побарате уште. Не ја кинете и не отстранувајте делови од хартијата за прибелешки.

LabelTitle

Label
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк