ЛингваЛинк е една од основачите на МАКС, Македонската асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици, асоцијативна членка на EAQUALS, која ги оценува стандардите во наставата, академскиот менаџмент, просторот, ресурсите како и правата на слушателите, клиентите и вработените.
ЛингваЛинк го гарантира квалитетот во јазичното подучување преку:
- висококвалитетни наставни и образовни стандарди
- професионално однесување и висок интегритет на вработените
- користење на модерна технологија, методи и методологија
- релевантност на наставните материјали
- веродостојност на промотивните материјали и информациите како и лесен пристап до нив
- прилагоденост на курсевите според потребите на слушателите
- пријатна и безбедна атмосфера за учење и подучување
- професионален административен кадар
- еднакви можности и недескриминирање