B1

telc English B1/ telc Deutsch B1

Јазичен испит telc на ниво Б1 – англиски јазик
Јазичен испит telc на ниво Б1 – германски јазик

telc English B1 / telc Deutsch B1 е јазичен испит наменет за кандидати кои веќе имаат основна јазична компетенција.

На ниво Б1 кандидатите можат да комуницираат на едноставен и поврзан начин во секојдневни ситуации, при патување и кога зборуваат за теми од личен интерес. Можат да опишат искуства, надежи и амбиции и да дадат причина за нивниот став и мислење. Можат точно да ги употребуваат најважните граматички структури.

Испитот се состои од писмен и устен дел. Писмениот дел трае 2 часа и 30 минути. Пред усниот дел кандидатите имаат 20 минути да се подготват. Усниот дел може да се полага веднаш по писмениот.

 

 

минути

Писмен дел

Читање

Јазични елементи

(вокабулар и граматика)

90

 

Слушање

30

 

Пишување

30

 Устен дел

Најчесто во парови

15


Важно: telc Deutsch B1 сертификатот е признат како доказ за јазична компетенција при аплицирање за германско државјанство. 
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк