Настава


Групите во ЛингваЛинк се доволно мали за индивидуален пристап кон секој слушател, а сепак доволно големи за да се овозможи вистинска комуникација. Овие идеални услови им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот што го изучуваат уште на основно ниво.

Методологијата која се користи во ЛингваЛинк е комуникативна и насочена кон единствена цел - слушателот. Се користат најмодерни наставни методи и материјали кои се фокусираат на целите на слушателите и овозможуваат практично користење на јазикот што го изучуваат.

Како еден од најголемите јазични центри во Македонија, ЛингваЛинк нуди голем избор на општи и специјализирани курсеви за сите возрасти и нивоа одредени според Заедничката европска рамка за јазици (CEFR). Јазичните курсеви се интерактивни, разновидни и стимулативни според највисоките светски стандарди. Без разлика дали го изучувате јазикот од професионални, академски или практични причини, ЛингваЛинк ќе Ви помогне да го направите вистинскиот избор.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк