ОДРЕДБИ И ПРАВИЛА


  • Слушателите ја посетуваат наставата според предвидениот распоред. Часовите се со времетраење од 40 минути.
  • ЛингваЛинк го задржува правото да ја откаже групата доколку нема доволен број на кандидати, да го промени терминот или професорот доколку условите така наложуваат.
  • Слушателите треба редовно да ја посетуваат наставата, на време да пристигнуваат на часовите и да ја почитуваат дисциплината на часовите.
  • Слушателите можат да го прекинат курсот поради болест или друга оправдана причина во договор или одобрување од ЛингваЛинк. При одобрување на прекин се плаќаат само часовите кои биле посетени.
  • Оценувањето се врши во текот на целиот курс преку тестови и завршни испити. Извештаи за напредокот, редовноста и поведението на учениците се испраќаат двапати годишно.
  • Уверение за посетување на настава со ниво одредено според Заедничката европска рамка се добива на крајот на курсот. Уверение се добива со посетеност од најмалку 70% од часовите или совладување на 60% од наставната програма.
  • Цената е определена според бројот на часовите. Учебникот и работната тетратка  не се вклучени во цената на курсот.
  • Слушателите треба да ги почитуваат роковите за плаќање.
  • Плаќањето се врши во училиштето од понеделник до четврток од 15:00 до 21:00 часот и петок од 8:00 до 15:00 часот, во банка или во пошта.
  • ЛингваЛинк не превзема одговорност спрема предметите оставени или изгубени во просториите на училиштето.
  • Слушателите се материјално одговорни за штетите што ќе ги сторат во просториите и на инвентарот на ЛингваЛинк.
  • За сите поплаки, жалби и било какви прашања и забелешки, слушателите се обраќаат кај администрацијата.
Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк