За нас

ЛингваЛинк е училиште за јазици формирано од група искусни професори по странски јазици во 2002 година, со една локација и капацитет од 12 училници.
Има многу причини зошто да го одберете училиштето ЛингваЛинк, ако сакате да учите некои од модерните јазици:

  • Ние имаме одлични професори

Нашиот наставен кадар е искусен, динамичен и ги прави часовите интересни, интерактивни и ефикасни.

  • Нудиме курсеви според Вашите потреби
  • ЛингваЛинк нуди курсеви со различен интензитет, динамика и времетраење на сите нивоа и за сите возрасти. Покрај редовните, организираме и специјализирани курсеви за да Ви излеземе во пресрет на Вашите потреби.

  • Индивидуален пристап во училниците 
  • Нашите групи се со оптимален број на слушатели. Овие идеални услови овозможуваат слушателите да добијат индивидуален пристап и да комуницираат на јазикот што го изучуваат дури и на почетно ниво.

  • Нашето училиште нуди најсовремени услови за работа
  • Климатизирани училници, модерни, аудио-визуелни и технички помагала, настава со интерактивна бела табла, библиотека, компјутери и пристап до интернет во секое време се дел од условите кои ќе ги добиете во ЛингваЛинк.

  • Пријатна и пријателска атмосфера
  • Стручните и компетентни професори и љубезниот административен кадар се секогаш тука за Вас, подготвени да Ви обезбедат релаксирана, пријатна и пријателска атмосфера за работа и да Ве упатат на вистинско место.

Уписи

Вести

Локацијата на ЛингваЛинк